Во две кражби во Тетово направена вкупна штета од 200 илјади денари

Од:

Вкупна штета од околу 200 илјади денари е причинета при две провални кражби што засега непознати сторители вчера ги извршиле во два стана во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој појасни дека поголема материјална штета претрпела С.М.(34) откако непознатите сторители во периодот помеѓу 14 и 18 часот и 30 минути извршиле тешка кражба во нејзиниот стан на улица „Илинденска“ во Тетово. Откако насилно ја отвориле дрвената влезна врата, рече Јосифовски, крадците целосно ја пребарале внатрешноста на станот и од спалната соба одзеле украсна кутија што била обезбедена со шифра и во која имало повеќе парчиња разновиден златен накит, алки, прстени, лири, како и два женски часовници. Со одземеното незабележани тие го напуштиле станот, а вкупната материјална штета според сопственичката на станот се проценува на 140 илјади денари.

На сличен начин со провалување непознати сторители вчера извршиле тешка кражба во станот на Ж.М.(30) на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово. Кражбата била извршена во периодот помеѓу 12 и 17 часот и 30 минути при што крадците ја скршиле цилиндер-бравата од влезната врата, потоа одзеле неколку парчиња разновиден златен накит, а од дневната одзеле паричник со 300 евра и 13 илјади денари причинувајќи вкупна материјална штета која се проценува на околу 60 илјади денари.

Полицијата извршила увид на двете места и работи на расветлување на сите поединости поврзани со кражбите и откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас