СДСМ: Груевски се плаши од независен министер за внатрешни работи

Од:

„Очајот на ВМРО-ДПМНЕ премина во кукавичлук. Тоа го покажуваат засилените подметнувања и лаги од страна на Груевски по медиумите под негова контрола, откако за целиот свет стана јасно дека тој ја коцка иднината на Македонија.

Се плаши Груевски од независен министер за внатрешни работи. Тоа е работата.

Каква поделба на функционерски места, какви наводни меѓупартиски договори со албански партии.

Груевски се обидува да игра на картата подгревање национални чувства во обид да се спаси себе си. Тоа е вистината.

Ингеренциите на министрите кои ќе бидат дел од техничката влада се јасно дефинирани во Договорот од 2 јуни/5 јули и јавно достапни за сите“, велат од СДСМ. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните