Русинката Марија Шарапова успеа во полуфиналето на Мастерсот во Истанбул да ја победи Викторија Азаренка од Белорусија со 2:0 во сетови.
Првиот сет Русинката го доби со 6:4, а вториот со 6:2 во меч што траеше 96 минути.
За Азаренка која е елиминирана во полуфиналето како утеха и останува тоа што годината ќе ја заврши како број 1 на ВТА листата.
Со овој триумф Шарапова се избори за утрешното финале во кое за противничка ќе ја има Серена Вилијамс, која претходно со 2:0 (6:2 и 6:1) ја победи Ањешка Радванска. Почетокот на финалето е утре во 16 часот.