Премиерот Никола Груевски, на маргините на Конгресот на ЕПП во Мадрид, имаше средба со норвешката премиерка Ерна Солберг.
Соговорниците, информираат од владината прес-служба, дадоа позитивна оценка за меѓусебните односи кои ги карактеризира пријателство, меѓусебно почитување и поддршка.
Премиерот Груевски ја информираше норвешката колешка Солберг за економско-политичката ситуација на Македонија, за реформите кои се преземаат и за посветеноста на Владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Солберг ја потврди поддршката на Норвешка за македонската интеграција во НАТО. Посочи дека Норвешка е пријател на Македонија.
Двајцата премиери изразија заемна подготвеност за дополнително продлабочување на односите, особено во економијата и искористување на потенцијалите кои стојат на располагање.