Коалицијата на партии што го поддржуваат египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, „Од љубов кон Египет“, ги освои сите 60 пратенички места што се избираа во првиот круг на изборите во Египет.
Како што соопшти синоќа Централната изборна комисија, во првиот круг на гласање, одѕивот на избирачите изнесувал 26,5 проценти.
Вториот круг, во кој ќе бидат избрани дополнителен број од вкупно 596-те пратеници во египетскиот Парламент, е закажан за 26 и 27 октомври. Целиот изборен процес во неколку круга ќе трае месец и половина.
Ова се први парламентарни избори во Египет по смената од власта на исламистичкиот претседател Мохамед Морси. од страна на армијата предводена од Ал Сиси.