Фејсбук воведе ново известување за „опасност од државен надзор“

Од:

Најголемата и најпопуларна социјалнa мрежа Фејсбук, одлучи да воведе уште еден тип на известување, кое можеби нема дa им се допадне на сите.

Новото известување ќе го предупреди корисникот ако неговиот профил е под можен надзор на напаѓачи кои работат во име на државните органи.

Алекс Стамос, шефот за онлајн безбедност во компанијата „Фејсбук“, изјави дека секогаш преземаат одредени мерки за заштита на корисничките профили за кои се смета дека на некој начин се загрозени.

– Сега таа грижа е подигната на ново ниво, со дополнително известување доколку постои силна индикација дека „нападот‟ е спонзориран од страна на државната власт, нагласи Стамос.

Тоа значи дека ако корисниците забележат такво известување на својот профил, најверојатно е дека нивниот компјутер или смартфон е заразен со некој вид малициозен софтвер со кој непознати лица или организации пробуваат да пристапат до корисничкиот профил.

Со други зборови, ако го видите ова онлајн известување, сфатете го многу сериозно, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Би можело да ве интересира

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

Фејсбук ќе плати 14 милиони долари за дискриминација на Американци

Ана Ололовска

Вработени во Фејсбук ја обвинуваат компанијата дека ги принудувала да се вратат во канцеларија

Ана Ололовска

Фејсбук забрани огласи за изборна измама

Ана Ололовска

Половина од вработените во Фејсбук ќе работат од дома

Ана Ололовска

Фејсбук нуди нова услуга за онлајн трговија

Ана Ололовска