ДОМ: Апел до преговарачите за реален компромис

Од:

ДОМ апелира до преговарачите за договорот од Пржино да постигнат реален компромис, во интерес на Македонија и нејзините граѓани. Зашто прекинот на процесот сите не воведува во вител на вонинституционална разврска што може да заврши насилно и непредвидливо.

Според скудните информации што се добиваат од текот на преговорите, може да се заклучи дека преговорите свесно се кочат и забавуваат со „мангупски“ трикови, како оние за мнозинскиот модел, за 17 пратеници бонус за победникот, за 20 пратеници од дијаспората, за бришење на родовите квоти, па за некаков закон за „бришење на меморијата за бомбите“ итн.

Разбирливо е инсистирањето на СДСМ за доследна примена на договорот, за да биде зборот – збор. Тие покажаа завидно ниво на флексибилност и слух за барањата на граѓаните: се заложија за една изборна единица, за родови квоти од 40% според ставот на Македонското женско лоби, за една листа за дијаспората со нормален цензус за влез на пратеници. За жал, за едната изборна единица не наидоа на слух од ниедна од останатите три партии, но другите две решенија ги издејствуваа.

Сега преговорите заглавија во пресвртен момент и, според нас, на погрешни аргументи. Очигледно е дека на власта и одговара секое одложување и задржување на статус кво, но не и на опозицијата. А се добива впечаток дека СДСМ влезе во играта на ВМРО-ДПМНЕ и го игра тангото според нивен такт.

Апсолутно не е битно дали се 14 или 7 јавни обвинители во тимот на специјалната обвинителка – важно е да бидат што побрзо назначени и да ги почнат истрагите со скандалозните прислушувани разговори!

Апсолутно не е битно со кои зборови ќе се опише надлежноста на министрите и замениците министри – важно е тие да бидат избрани и да почне да работи преодната влада, за да престане прислушкувањето и уништувањето на доказите, но и да почне подготовката на предвремените избори!

Затоа, апел до сите преговарачи, но пред се до СДСМ, да не дозволат да престане процесот на транзиција на сегашнава власт, за да не ни се случат други немили настани, со многу полоши последици од „несовршеното“ исполнување на договорот од Пржино!

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски