Стотина вработени во Ер Франс се судрија денеска со полицијата за време на протести на аеродромот Шарл де Гол.
Судирот се случи во една од просториите со терминали за излез на големо изненадување на патници кои чекале авиони. Според локални медиуми, нема повредени.
Работниците протестираат против плановите на менаџментот на компанијата за намалување на бројот на вработени за десет отсто.