Унгарија поддржува забрзување на разговорите за прием на Турција во Европската унија и укинување на визите за таа држава, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Во телефонскиот разговор за агенцијата МТИ од Анкара, како што пренесува Танјуг, Сијарто изјави дека Турција го презела најголемиот број бегалци во светот и оти е е „клучна држава во решавањето на миграциската криза во Европа“.
– Европа не би била во состојба да излезе на крај со притисокот од бегалците без подготвеноста на Турција да прими милиони луѓе, рече тој.
Унгарија ги повикува ЕУ и Турција да се договорат околу акцискиот план, со кој би се истакнала поддршка и соработка на Европа во замена за напорите на Турција, кога станува збор за бегалците, рече Сијарто.