Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микел-Лајтнер ги демантираше тврдењата дека се договорени бегалски контингенти со Словенија.
– Тоа не е возможно, бидејќи не можеме да ги предвидуваме бегалските приливи, изјави министерката во врска со лимитот од 1.500 лица предложен од државниот секретар на словенечкото Министерство за внатрешни работи Боштјан Сефич.
Микел-Лајтнер не сака да биде конкретиризан бројот на бегалците, кои Австрија ќе ги прифати, бидејќи ситуацијата постојано се менува и постојаниот контакт на експертите од двете страни овозможува процедурата да се измени согласно моменталната состојба.
– Можностите на Австрија за прием на нови луѓе зависат од една страна од однесувањето на Германија и од капацитетите за сместување од друга страна, рече таа.
– За два до три дена може да се исцрпат нашите можности за сместување, но како Австрија, така и Словенија се заинтересирани за контролирани активности, додаде Микел-Лајтнер.