Тарантули напаѓаат луѓе во Индија, две жртви

Од:

Голем број отровни пајаци ги нападнале жителите на село во североисточна Индија. Двајца се усмртени, а во селото владее паника.

Откако пред дваесетина дена јато од пајаци извршила инвазија врз градчето Сади, во овој дел на Индија луѓето се плашат да излезат од дома.

Пајаците во огромен број се појавиле за време на прославата на индискиот национален празник во мај и почнале да ги касаат насобраните луѓе.

Во округот е прогласена вонредна состојба, а населението е предупредено да не излегува навечер кога се појавуваат пајаците. Најлошо од се е тоа што никој не знае за кој вид станува збор ниту пак поради што се имаат појавено во областа и ги напаѓаат луѓето.

Пред две седмици во Сади пристигнал тим научници, кои заклучиле дека се работи за многу сличен вид со тарантулите, но испитувањата сеуште траат.

Пајаците скокаат на се што ќе им се најде на патот, а понекогаш како крлежи останувале закачени за жртвата.

Научниците сеуште не се сигурни дека двете жртви во Сади починле како резултат на труење на крввта поради убод од пајаците, но објаснуваат дека постои голема можност да се случила и алергиска реакција на отровот која предизвикала застој на работата на срцето.

Од друга страна пак, жртвите наместо на лекар, одат кај локалните врачеви што дополнително го зголемува проблемот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати