Русија ќе се придржува кон ставот за партнерство со САД

Од:

Русија ќе се придржува кон ставот за партнерство во решавање на проблемите кои се појавуваат и покрај несогласувањата со САД за серија меѓународни прашања, изјави вчера портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, јави ТАСС.

– Нема да биде исправно доколку кажеме: „Ќе одиме понатаму без вас“. Нема да бидеме спречени да кажеме дека вратата е отворена и дека треба да работиме заедно, бидејќи да ги делиш проблемите на свои и странски е пат, кој води до слепа улица, рече Захарова.

– И покрај сите несогласувања со Американците, и покрај тоа што Вашингтон ни поставуваше секакви препреки во однос на Украина и за други прашања, ние ќе кажеме и ќе продолжиме да кажуваме: Да работиме заедно, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина