Неколку илјади граѓани протестираат на плоштадот во Подгорица против премиерот Мило Ѓукановиќ и владата, при што повторно дојде до инциденти.
Демонстрантите во близина на зградата на собранието фрлаа со камења на полицијата, по што им беше визвратено со солзавец.
Демонстрантите прво полицајците ги нарекуваа “кучиња“, а потоа следуваше канонада од камења, додека редарите се обидуваа да ја смират ситуацијата.
Тие упатија ултиматум до Ѓукановиќ сабота да се формира преодна влада.
Еден од лидерите на опозицијата Андрија Мандиќ ги повика демонстрантите да прошетаат до зградата на министерството за внатрешни работи и мирно да го изразат незадоволството поради вчерашната реакција на полицијата која насилно ги прекина протестите од пред собранието. Таму повторно ситуацијата во еден момент ќе ескалираше кога симпатизерите на опозицијата се обидоа да ја прескокнат заштитната ограда, но беа спречени.
Мандиќ од пред полициската зграда умтимативно побара владата да поднесе оставка и да се формира преодна влада. Тој кажа дека рокот е сабота, а доколку тоа не се случи, цела Црна Гора ќе дојде во Подгорица.
Тој кажа дека премиерот Мило Ѓукановиќ во 18.30 ја напуштил со авион Црна Гора и побара сите да се однесуваат мирно и да не даваат шанса полицијата да примени сила.