Русија ги ексхумира останките на убиениот Цар Николај и неговата жена

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Руски истражители ги ексхумираа остатоците на последниот цар и неговата жена, заради повторно отварање на случајот за нивното убиство.

Земени се примероци од Царот Николај Втори, неговата жена Александра, и од крвавата униформа на Александар Втори, дедото на Николај, кој бил убиен во 1881 година.

Членовите на семејството Романови, кои биле убиени од револуционери бољшевици, се закопани во катедрлата во Санкт Петерсбург.

Руската православна црква сака да ги потврди семејните врски пред други роднини за бидат закопани покрај нив.

Стариот случај со убиството е затворен во 1998 година, откако преку ДНК тестови се повтрдиле останките на Романови, пронајдени во масовна гробница на Урал во 1991 година.

Но ДНК тестовите не убедија некои членови на руската православна црква, затоа што останките од други двајца – принц Алексеј и големата војвотка Марија – биле пронајдени дури во 2007 година на сосема друга локација на Урал.

Комисијата за истрага, која е државен орган, вели дека се потребни нови докази со цел да се потврди автентичноста на двете тела.

Русија планира повторно да ги погреба Алексеј и Марија, заедно со остатокот од семејството во катедралата Свети Петар и Павле во Санкт Петерсбург. Но затоа црквата сака да биде сигурна во врска со останките.

Јато од куршуми

Царот Николај Втори, Александра, нивните четири ќерки – големите војвотки Анастасија, Марија, Олга и Татјана – нивниот син принцот Алексеј и четири члена на кралската придружба, биле убиени во подрум во една куќа во Екатеринбург во 1918 година.

Една ноќ биле построени како за на семејна фотографија, а бољшевички стрелачки одред ги убил со јато од куршуми, според сведоштва на сведоци. Оние кои веднаш не умреле, биле убиени со бајонети.

Царската двојка и трите ќерки биле формално повторно погребани на 17 јули 1998 година – на 80 годишнината од убиството. Тие биле канонизирани од Руската православна црква во 2000 година. По се изгледа и Алексеј и Марија ќе бидат канонизирани пред сто годишнината од настанот во 2018 година. Нивните останки сега се чуваат во рускиот државен архив.

Во новата истрага исто ќе се земат примероци од сестрата на Александра, големата војвотка Елизабета Фјодоровна, која е закопана во Ерусалем. Дури сега руските истражители добиле пристап до нејзините останки.

Поддршка од наследниците

Романови биле истерани од власт и избегале во егзил во 1917 година, набрзо откако комунистите бољшевици ја смениле привремената влада.

Документи од таканаречената Истрага на белата гарда во врска со убиството на семејството, исто ќе биде проучена. Тие документи се појавија дури пред четири години.

Царот Александар Втори бил убиен од фрлена бомба од револуционери од Вољата на народот во 1881 година, и погребан во неговата воена униформа во катедралата Св. Петар и Павле.

Адвокат на големата војвотка Марија Владимировна, наследник на убиените Романови, рече дека таа ја поддржува новата истрага.

Цитиран од државната новинска агенција Тасс, адвокатот Герман Лукјанов рече „во случајот не се објаснети сите аспекти од убиството на царското семејство, и не сите прашања од Руската православна црква се одговорени целосно и јасно“.

Големата војвотка се надева дека испитувањата на остатоците од Екатеринбург ќе бидат научни… Во овој случај мора да се потврди вистината со одговарање на главното прашање: чии се овие останки?“

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина