Спектакуларен настап на пијанистот Дино Имери во Софија

Од:

Еден од најистакнатите млади македонски музичари, пијанистот Дино Имери повторно ја воодушеви публиката во Софија каде настапи како гостин-солист на престижната Софиска Филхармонија под диригентство на Маестро Тодоров.

Имери го изведе Третиот концерт за пијано и оркестар од Сергеј Рахмањинов, општо познат како најтешко дело напишано за пијано кое поради својата исклучителна тежина е дел од репертоарот само на најголемите пијанисти, а истовремено ужива огромна популарност кај пошироката публика.

Публиката воодушевено аплаудираше по маестралната изведба на младиот пијанист и не го пушти да замине од подиумот се додека тој не изведе дури три биса по редовната програма од кои сите беа обработки од Имери меѓу кои и дело од македонскиот композитор Александар Џамбазов.

Исклучителната мајсторија, музикалност, зрелост, храброст, но и скромност беа главните точки во критиките по медиумите во Бугарија, а настапот на Имери го следеше Радиото Класик ФМ, како и Бугарското Национално Радио кое го снимаше концертот и кое емитуваше специјална програма за нашиот пијанист во која вклучи бројни снимки од неговите изведби како на странски така и на домашни автори.

Ова е втора соработка на Дино Имери со високо-професионалниот Софиски оркестар и диригентот Тодоров откако во февруари годинава одржаа концерт во Софија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска