Европски, австралиски, колумбиски и американски полицајци заплениле вкупно три тони кокаин и уапсиле 179 луѓе во меѓунардона операција извршена во крајот на септември и почетокот на октомври, соопшти Европол.
Во операцијата учествувале сите 28 држави од ЕУ, како и Албанија, Австралија, БиХ, Колумбија, Македонија, Исланд, Црна Гора, Норвешка, Србија, Швајцарија и САД.
Фокусот бил врз непочитување на дејноста на криминални групи кои учествуваат во помош на шверц на нелегални имигранти, наркотици и оружје како и криминал поврзан со возила, наведува Европол.
Интерпол помогнала за координирање на операцијата од штабот во Хаг.