Русија и САД ќе потпишат документ за безбедност на летовите над Сирија

Од:

Министерствата за одбрана на САД и Русија наскоро ќе потпишат документ за безбедност на летовите над Сирија, а сите технички прашања се усогласени.

– Сите технички прашања се усогласени и сега руски и американски правници го анализираат документот. Се надеваме дека во најскоро време документот ќе биде потпишан, изјави Андреј Картаполов началник на главната управа на Генералштабот на руската армија.

Тој додаде дека претходно имале три видео конференции меѓу руски и американски воени претставници со цел да се подготви меморандум за спречување инциденти и гарантирање безбедност на летовите над Сирија.

– Настојуваме за проширување на соработката во таа област и поготвени сме за контакти со сите заинтересирани страни, изјави Картаполов.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина