Строс-Кан обвинет за измама од поранешен македонски банкар

Од:

Обвинителството во Париз отворило прелиминарна истрага против Доминик Строс-Кан за измама и злоупотреба на општествени добра, во случајов со неговото претпријатие за инвестиции ЛСК со седиште во Луксембург, кое банкротирало. Тужбата против поранешниот директор на ММФ и поранешен министер во Владата на Франција, како што објави денеска францускиот јавен радио канал Франс Интер, е поднесена од еден поранешен македонски банкар,

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, Строс-Кан поседувал 15 проценти од претпријатието ЛСК со посредство на едно друго претпријатие Парнас интернасионал. Против него претходно била поднесена тужба  и од еден од поранешните акционери на ЛСК, Жан-Франсоа От, директор на фирмата за недвижности од Луксембург Орко Прпорети Груп, која загубила 500.000 евра инвестирани во групата на Доминик Строс-Кан.

ЛСК, односно Доминик Строс-Кан сакал да го направи во Фонд за шпекулации со 2 милијарди евра (1,5 милијарди евра), но фирмата  пријавила банкрот во ноември 2014, неколку недели по самоубиството во Тел Авив на нејзиниот основач и раководител Тјери Лејн. Загубите од 100 милиони евра сега се бараат од 156 доверителите од повеќе земји.

Доминик Строс-Кан го напушти претседателството на ЛСК неколку дена пред банкротот на фондот. Тој притоа објасни дека Тјери Лејн се впуштил во „стратегија на претерани позајмицим и дека најверојатно ги изгубил инвестициите и дека никогаш не бил платен“. Според Франс Интер, адвокатот на Доминик Строс-Кан, Жан Веил, тврди дека неговиот клиент немаше „операционална улога“ во улога и дека и самиот бил измамен во оваа афера.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели