Доделена книжевната награда „Табернакул“

Од:

Во новиот објект на Македонскиот народен театар синоќа свечено беше врачена Меѓународната книжевна награда Табернакул на овогодишните лауреати Херта Милер и Том Стопард. На настанот на кој присуствуваа и претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и бројни гости од јавниот и културниот живот, беа промовирани и нови четири изданија на „Табернакул“, чии автори се овие еминенти писатели.

За ликот и делото на Херта Милер говореше Виктор Ерофеев, руски писател и претходен добитник на оваа награда, а за творештвото на Том Стопард свое обраќање имаше Горан Стефановски.

Дела од овие исклучително значајни автори се застапени и во едициите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Превод на добитници на Нобелова награда за литература“. На македонски јазик преведени се „Ѓаволот седи во огледало“ и „Животинско срце“ од германската писателка и добитничка на Нобеловата награда за книжевност во 2009 година, Херта Милер. Од британскиот драмски писател и автор на сценариото за филмот „Вљубениот Шекспир“ на македонски јазик како сегмент од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност достапeн е избор со повеќе драмски дела, меѓу кои и култната драма „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“.

Целта на оваа книжевна награда е да ги промовира најзначајните, светски признати книжевни вредности на македонски јазик, како и да покаже дека Македонија е земја со долга книжевна и културна традиција, земја што покажува особена почит за сите актуелни книжевни и културни глобални достигнувања.

Книжевната награда Табернакул ја претставува бронзена скулптура чиј автор е академскиот вајар Горан Стаменков. Лауреатите, исто така, добиваат и златник од Книжевната академија Табернакул, како и паричен износ од 5.000 евра.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска