Во Комисијата продолжи расправата по буџетот за 2016 година

Од:

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продоолжи расправата по предложениот буџет за 2016 година, која започна завчера. Пратениците од мнозинството посочија на позициите од предложениот буџет за инвестиции, за здравството, образованието, а опозицијата побара одговор како ќе се трошат парите.

За Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ со буџетот се покриваат многу битни компоненти. Посочи на парите обезбедени за здравството, за градење болници, патишта, градинки, образование, за поддршката на социјалните категории и слично.

– Носиме конзистентна политика која се грижи за инфраструктурата, намалување на буџетски дефицит, издвојување парични средства за социјалата и навремена исплата на пензии, субвенции во земјоделството, што значи социјална сигурност и спокојство на граѓаните, рече Кузмановска.

За Горан Сугаревски од СДСМ не станува збор за никаква конзистентност во ниту една политика на Владата и побара бројки за тоа колку чини државната поддршка на странските инвеститори и роуд шоуата. Тој додаде дека би гласал за буџет кој ќе нема непродуктивни трошоци.

Кузмановска одговори дека 90 милиони евра се инвестирани од Кромберт и Шуберт, дека се одвоени 210 милиони денари за болниците во Битола, Прилеп и Куманово и побара од Сугаревски СДСМ да излезе со програма и писмено да им прикаже на граѓаните што ќе направи.

Горан Мисовски забележа дека се промашени прогнозите за растот во последните пет години, како и за поддршката на странските инвестиции и средствата што се даваат за промоција.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески потенцира дека се труди да обезбеди макроекономска стабилност и да предложи буџети кои на различни начини ќе успеат да се справат со предизвиците што ги носи времето.

– На почетокот на мандатот на оваа Влада беа едни предизвици, кога имаше вишок пари, а од друга страна од 2009 година наваму предизвиците се многу поголеми и потешки. Многу посилни земји како Италија, Шпанија, Португалија или Ирска не успеаја да најдат соодветен одговор на тие предизвици, рече Ставрески.

Оцени дека Владата исклучитено добро се справи со предизвиците и додаде дека најзначајно е што не се затворија македонските фабрики, туку напротив капиталните инвестиции создадоа работа за многу македонски фирми.

Потсети и на други политики кои помогнаа да отворат работни места, на задржување на стапките на даноците, на добрите услови за компаниите изразени преку ниските трошоци, потоа намалување на царините, административните бариери и слично.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

Усвоен Ребалансот на Буџетот за 2025 – Димитриеска-Кочоска: Секоја ставка во ребалансот има цел

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Бербок потрошила 20.849 евра за шминка за три месеци, а Шолц 13.015 евра за четки за пудра