(ВИДЕО) Том Стопард во Скопје: Книжевноста има влијание, инаку зошто власта би се плашела од критика

Од:

Славниот драмски писател Том Стопард, најпознат како добитник на Оскар за сценариото на филмот „Вљубениот Шекспир“, неколку дена престојува во Скопје на покана на издавачката куќа „Табернакул“, кој нему и на нобеловката Херта Милер, годинава им ја доделија меѓународната книжевна награда Табернакул.

Тој денеска на прес конференција во МНТ рече дека благодарејќи на наградата сретнал колеги со кои веднаш се разбрал.

– Она што е добро кога се добиваат награди е среќавањето со колеги писатели, издавачи, режисери, во мојот случај и актери, тоа постојано ве потсетува дека има повеќе работи што ве спојуваат отколку што ве разделуваат и покрај јазикот, кој е само еден детал, рече Стопард.

На прашањето како писателите и интелектуалците треба да влијаат во однос на диктаторските политички режими, тој рече дека духовно се идентификува со реакцијата на Вацлав Хавел за луѓето што живеат во диктатура.

– Литературата ја има способноста да го менува општеството. Инаку, како поинаку власта би се плашела од критика, рече Стопард.

Тој вели дека она во што верува е дека правата на поединецот и оние на поединецот се исти и не може да се стави на страна човечкото достоинство заради повисоки цели, бидејќи тогаш се прекинува врската меѓу правото и праведноста Том Стопард (1937) е еден од навлијателните и најпочитувани драмски автори во Британија и светот. Од 1997 е носител на титула витез што ја доделува британската кралица.

Роден во Чехословачка, за време на нацистичката окупација пребегнал и по Втората светска војна се преселил во Велика Британија, откако поминал три години во интернат во Индија. Работел како новинар и како театарски критичар. Автор е на повеќе култни драми, меѓу кои е „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ (поставена во Драмскиот театар во Скопје), како и на сценариото за филмот „Вљубениот Шекспир“.

Книжевната награда „Табернакул“ претставува бронзена скулптура изработена од академскиот вајар Горан Стаменков. Лауреатите, исто така, добиваат и златник од Книжевната академија Табернакул, како и паричен износ од 5.000 евра. Изборот на годинашните лауреати е со одлука на жирито, во состав Ферид Мухиќ, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Цветан Враживирски и претходните добитници на оваа награда: Милан Кундера, Љубивоје Ршумовиќ, Орхан Памук и Виктор Ерофеев.

По повод доделувањето на наградата, издавачката куќа „Табернакул“ ќе ги промовира нови четири изданија: романот „Патничка на една нога“ и книгата есеи „Секогаш истиот снег и секогаш истиот чичко“ од Херта Милер, а од Том Стопард – трилогијата „Брегот на Утопија“ и трите драми (во една книга) „Аркадија“, „Рокенрол“ и „Тежок проблем“.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска