За остварување во областа на културата и уметноста овогодинешни добитници на државната награда „23 Октомври“ се Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник, Фејзи Бојку, писател и Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички критичар, одлучи Одборот за доделување на наградата.
Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно – историското наследство на Република Македонија.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2015 година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.