ЛДП со иницијатива за безбедност во сообраќајот во општините

Од:

Либерално – демократската партија (ЛДП) преку своите советници во општините Кисела Вода и Аеродром покрена иницијатива за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во општините.

Причина за иницијативата, соопшти денеска ЛДП, е драстично зголемениот број на сообраќајни незгоди со жртви и повредени во урбаните средини.

– ЛДП смета дека се потребни итни мерки и активности на градоначалниците, општинската администрација и советите, во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, пред се’, поради фактот што голем дел од ингеренциите и надлежностите во областа потпаѓа токму под единиците на локалната самоуправа, се вели во соопштението од ЛДП.

Собранието на Република Македонија, потсетува ЛДП, уште пред една година усвои Национална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата 2015-2020 година. За разлика од пратениците, потенцира ЛДП, единиците на локалната самоуправа немаат усвоено никаков акт, иако имаа должност да изготват и усвојат акциски планови, односно програми за операционализација на стратегијата, кои ќе содржат конкретни мерки и активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство