Кошарка, ракомет и тенис во исто време во СЦ „Борис Трајковски“

Од:

Спортскиот центар Борис Трајковски од денеска на граѓаните кои сакаат да спортуваат им овозможува проширена понуда, бидејќи големата арена наместо да има едно централно игралиште, ја замени со три комплетно монтажно-демонтажни терени, поставени по хоризонтала, во рамките на истата голема арена, а истите тие се наменети за тренинг и рекреација на сите.

– Ние постојано се трудиме да воведуваме новитети со кои ќе бидеме поблиску до граѓаните и ќе им служиме на нив, но и ќе ги задоволуваме нивните потреби. Во овие ладни месеци наместо тие да тренираат и да се рекреираат надвор, ние им нудиме неверојатна шанса да бидат на истиот терен како и Кире Лазаров, Наумче Мојсоски, браќата Стојановски, Перо Антиќ и останатите спортисти кои играле во дресот на Македонија пред преполните трибини во СЦ. Борис Трајковски, изјави Златко Перински директор на СЦ „Борис Трајковски“.

Трите терени ќе овозможат тренирање на три спортови истовремено, а тоа ќе придонесе до драстично намалување на цените на закуп (преку 50%).

Во големата арена во исто време ќе може да се тренира тенис, кошарка и ракомет и при тоа се да биде монтажно-демонтажно со можност за собирање и повторно поставување на игралиштата согласно потребите на закупецот.

– За прв пат во Република Македонија ќе имаме затворен тениски терен (комплетно монтажно демонтажен) кој е со сертифицирана акрилна подлога од страна на светската тениска федерација и ги исполнува сите стандарди за одржување на интернационални натпревари, a истиот е со димензии 36 метри на 18 метри. Паралелно со тениското игралиште имаме и терен за кошарка, кој е во оригинални димензии (28м*15м) и за прв пат во нашата понуда граѓаните, за рекреативни потреби, имаат можност да изнајмат еден кош или половина терен од кошаркарското игралиште за баскет, појасни Перински.

Паралелно со кошаркарскиот терен поставено е игралиштето за ракомет, со специјализирана подлога за ракомет наречена ГЕРФЛОР. Игралиштата се поделени со заштитна мрежа.

Директорот на центарот очекува новите понуди и намалените цени да го зголемат интересот за спортување.

– На овој начин се надеваме дека уште повеќе ќе го зголемиме интересот и на рекреативците и на клубовите, но и на бизнис компаниите кои се грижат за водењето на здрав живот на своите вработени, бидејќи со оваа наша понуда спортскиот центар ќе биде уште по достапен за сите љубители на спортот, истакна Перински

На денешната  презентација на целосно новата монтажно-демонтажна поставка на новите три игралишта беше присутен и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ