Властите на Пакистан знаеле за локацијата на Осама бин Ладен

Од:

Раководството и високи воени функционери на Пакистан знаеле точно каде се наоѓа лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, долго време пред тој да биде ликвидиран од американските специјални сили во пакистанскиот град Аботабад во мај 2011, изјави поранешниот пакистански министер за одбрана Ахмад Мухтар, во интервју за индискиот канал Ај-Би-Ен.

Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари и командантот на копнените сили Ашфак Парвез Кајани знаеле за тоа, според поранешниот министер.

Тој додаде дека пакистанските власти се надевале дека доколку биде откриен Бин Ладен ќе си го одземе животот.

Пакистанските власти досега категорично демантираа дека ја знаеле локацијата на која се наоѓа Бин Ладен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица