Дополнителен Протокол на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување тероризам што се однесува на проблемот со „странските војници“ ќе биде потпишан на конференцијата што ќе се одржи на 22 октомври во Рига.
Повеќе дела, меѓу кои и учество во здружение или група со терористички цели, терористичка обука, патување во странство со терористички цели или финансирање и организирање патувања со таква цел, ќе се третираат како казнени дела во Протоколот.
Со оглед на зголеменито број луѓе кои заминуваат на странски боишта особено во Сирија и Ирак и подоцна нивно враќање во држави на потекло, целта на протоколот е да се усогласи легислативата во Европа за да се олесни соработката меѓу државите.
Протоколот, исто така, подразбира и воспоставување мрежа на национални контакт точки за да се олесни размената на информации 24 часа дневно.
Советот на Европа ја усвои Конвенцијата за сузбивање на тероризмот во 1977 година (ажурирана во 2003 година).
– Советот на Европа ја смета борбата против тероризмот за една од најголемите приоритети, соопштија од СЕ.