Индиската полиција денеска уапси две лица поврзани со силување на четиригодишно девојче, кое беше пронајдено од нејзините родители во несвесна состојба во близина на железничката станица во Њу Делхи.
Девојчето е силувано и претепано со камења во четвртокот.
– Ги испитуваме луѓето кои се во притвор и се обидуваме да му помогнеме на таткото на жртвата да најде најдобра медицинска нега за своето дете, изјави високиот полициски офицер Вијај Синг.
Колективното силување и убиство на студентката во 2012 година во Њу Делхи доведе до протести и поригорозни закони за сторителите, но бројот на случаеви на силување не е намален. Полицијата во Њу Делхи годинава има регистрирано над 1.000 силувања.