Лорд Роуз: Останувањето на Велика Британија во ЕУ е патриотски чин

Од:

Останувањето на Велика Британија во ЕУ претставува патриотски чин, изјави денеска во Лондон, лорд Роуз, отворајќи ја кампањата против напуштањето на Унијата.

Роуз, кој е претседател на кампањата што ќе трае до референдумот за останување или заминување од ЕУ, предвидена за до крајот на 2017 година, рече дека воопшто не е вреден ризикот да се напушти Унијата, во која Велика Британија е „поголема и побезбедна“.

Лорд Роуз, кој е поранешен претседател на една од најголемите трговски компании „Маркс и Спенсер“ а сега пер на Конзервативната партија, порача дека „Британија како членка на ЕУ е посилна во бизниот, безбедносно е посилна и овозможува поголема стабилност за британското општество“.

Според испитувањето што го има направено влијателната Комора на британските индустријалци, секое семејство во Британија, „заработува“ просечно годишно по три илјади фунти од членството на земјата во ЕУ.

– Британското учество во ЕУ, просечно по едно семејство годишно изнесува 340 фунти, што значи дека речиси десет пати повеќе и поголема е ползата од членството во Унијата, истакна во своето обраќање лорд Роуз.

Кампањата за останување во Унијата веќе ја подржаа тројца британски премиери: ториевскиот Џон Мејџор и лабуристите Тони Блер и Гордон Браун.

Евроскептиците и оние кои заговараат излегување од ЕУ, својата кампања ја лансираа во петокот.

Тие порачуваат дека е „патриотски“ да се биде „свој на своето“, дека Британија на тој начин е побезбедна и дека тоа ќе помогне да се вратат овластувањата што веќе му се префрлени на Брисел.

Лорд Роуз, меѓутоа, остро ја искритикува таквата платформа, инсистирајќи дека не е воопшто патриотски да се замине од ЕУ, да се остане во изолација и да се натера земјата целосно да се сврти сама кон себе.

– Таквата политика и таквата иднина, значи само дека не се разбира која е Велика Британија како држава, порача лорд Роуз.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени