Промоција на дебитантската збирка поезија од Биљана Стојановска

Од:

Во издание на „Антолог“ и во рамките на првиот фестивал на европската литература, „Букстар“, утре (13 ноември), во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ, со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана збирката поезија „Зборовите немаат значење“ од Биљана Стојановска.

Треба да се има луцидност да се созерцне во секојдневјето, кое по својата природа е банално, и од него да се создаде мудрост. Кога би се барало од мене со една реченица да ја опишам книгата ’Зборовите немаат значење‘ од Биљана Стојановска, тоа би била мојата реченица. Пред вас имате сериозна книга од млад автор што многу ветува. Ваквите книги се вистинска реткост во македонската книжевна продукција“, пишува во својата рецензија Ѓоко Здравески.

12092366_10207943601203107_147553225_n (1)

„Поезијата на Биљана Стојановска е длабок допир со ритуалноста на денот. Обичноста на објектите и нивната конкретна и вербална поврзаност со мигот и со телото на оној што пишува го исцртуваат топлиот амбиент на присуството на една широка љубов – љубов што живее во делбата пред да стане разделба и во припомнувањето пред да стане помнење“, забележува Никола Маџиров.

Промотор на збрката е поетот Никола Маџиров, музичката поддршка е на познатиот македонски кантавтор Јаков Дренковски, додека стихови од стихозбирката „Зборовите немаат значење“ ќе читаат Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка и Николина Андова Шопова. Илустрацијата на книгата е на Владимир Лукаш.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска