Дуото пијанисти Скиаво – Маркеџиани за затворање на „Интерфест 2015“

Од:

Со концерт на дуото пијанисти Марко Скиаво и Серџио Маркеџиани од Италија, вечер, во Битола завршува 24. издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест“.

Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на „Интерфест“ истакна дека Марко Скиавио и Серџио Маркеџиани се познати италијански пијанисти кои издале повеќе ЦД-а, настапуваат како солисти со најголемите италијански и европски оркестри, а вечер во Битола ќе изведат дела од Шуберт и познатите унгарски танци на Брамс.

– Сакавме ентузијастичко завршување на фестивалот и тоа ни успеа. Вечерашниот концерт, во салата на клавирите на битолскиот Музеј, ќе биде увертира за тоа што сакаме да се случува догодина на 25. издание или јубилејот – четврт век на „Интерфест“, изјави за МИА, Шперовиќ Рибарски.

Годинава на „Интерфест Битола 2015“ настапија уметници од 11 европски држави. Освен во Битола еден дисперзиран концерт се одржа во националната галерија „Даут Пашин Амам“ во Скопје, каде концерт приредија квартетот „Фаготисимо“ од Романија.

Фестивалот на класична музика „Интерфест“ секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на Советот на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска