ЛДП на сите граѓани на Република Македонија им го честита 11. Октомври

Од:

„11-ти Октомври е нашиот симбол за слобода и демократија, темел на современата македонска држава. Симбол на антифашизмот, солидарноста, правдата.

Токму денеска повикуваме на преиспитување на односот кон овој дел од нашата историја, зошто последната деценија сведоци сме на систематско уништување и негрижа кон сите белези од овој период на македонската историја. За нас тоа е чин на варварство и прикриен фашизам. Секое редефинирање на нашата историја е минимизирање на темелот на нашиот развој како современа, независна, демократска и просперитетна држава која цели кон НАТО и Европската Унија.

Почитта кон борците и жртвите од НОБ е почит и за денешна Македонија. Вреднувањето на секој дел од нашата историја е вреднување на нас самите.

Оттаму, генерациите денес се пред историски предизвик храбро да се соочат со сите облици на недемократско владеење, криминал и корупција.

Нека ни’ е честит 11-ти Октомври на сите нас – граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он

Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство