Зоран Заев го честита 11. Октомври, Денот на народното востание

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во свое име, на сите граѓани на Република Македонија го честита 11 Октомври, Денот на народното востание:

„Овој голем државен празник, 11 Октомври, е темелник на вековни определби на граѓаните во Македонија за слобода, мир, за свој идентитет, своја држава, достоен пример дека со заедништво, целите се остварливи.

Пред 74 години, на денешниот датум, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово, ја почнаа Народно-ослободителната борба.

По 74 години, на 11 Октомври 2015 година, денешните генерации со визија за слободна, демократска, економски стабилна земја, членка во евро-атлантското семејство, се пред испитите на исконскиот стремеж. Оваа визија денес е континуитет на надежта и вербата на паднатите борци дека некои други борци по нив ќе го продолжат патот кон безгрижна иднина за Македонија и за поколенијата што доаѓаат.

Ние денес, имаме обврска, имаме и шанса да одговориме на оставениот аманет.
Ве повикувам да се обединиме околу оваа цел.

Нека ни е среќен 11 Октомври почитувани граѓани“, рече Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација