Магистралниот пат А – 3 од Македонска Каменица до Делчево поради поројни дождови има одрони на карпи на двете коловозни ленти и сообраќајот се одива отежнато. Обилните врнежи направија прекин на сообраќајот на локалниот пат од село Ропаљце до село Никуштак, Скопско.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.