Поради лошите временски услови за утре е откажано најавеното снимање на францускиот филм „А фонд”, а Скопската обиколницата, каде се снима филмот, ќе биде отоврена за сообраќај, соопшти вечерва „Манифактура продукција“.
Оттаму најавуваат дека снимањето на филмот ќе продолжи в понеделник на 12 октомври кога обиколницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 5 до 18 часот.