Четири руски крстосувачки проектили од Каспиското Море паднале во Иран, објавија американски официјални лица. Засега нема извештаи за штетата што ја предизвикале, јави Би-Би-Си.
Русија сепак, соопшти дека четирите ракети ги погодиле своите цели.
– Сите наши испукани ракети ја погодија целта, изјави портпарол на руското Министерство за одбрана.
Иранското Министерство за одбрана негираше дека на териториата на Иран паднале руски ракети користени во воената кампања врз Сирија.
– МО на Иран негира информации на западни медиуми дека четири од 26-те крстосувачки ракети испукани од бродови на руската Касписка флота врз објекти на терористичката Исламска држава во Сирија, паднале на иранска територија, соопшти МО.
Тие тврдат дека тоа се информации што се дел од „психолошката војна на Западот“.