Полска нема да прима бегалци кои не ги поминале контролите на надворешните граници на ЕУ

Од:

Полска нема да прифаќа бегалци кои не ја минале проверката во специјализираните центри на надворешните граници на Европската унија, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Рафал Тшасковски, цитиран од ТАСС.

Тшасковски предупреди дека доколку овие центри не бидат активирани земјата нема да прими мигранти од други држави членки на ЕУ.

-Во процесот на сместување само луѓе со потврден идентитет и претходна можност за добивање статус на бегалец ќе бидат земани предвид, рече Тшасковски.

Тој ја увери домашната јавност дека „во Полска нема да дојде ниту еден нелегален имигрант“.

Предвидено е центрите за прием на бегалци на надворешните граници на ЕУ да проработат до крајот на ноември.

Во текот на летото Полска изрази подготвеност да прими 2.000 бегалци како одговор на мигрантската криза во Европа. Во септември, по консултациите со Европската комисија, таа се согласи да прими уште 5.000 или вкупно 7.000 лица.

Минатата недела полскиот министер за надворешни работи Гжегож Схетина јасно даде до знаење дека неговата земја веќе нема да прима бегалци.

Би можело да ве интересира

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Олександр Усик е уапсен на аеродромот во Краков

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

Европа под вода, во Краков е најавена вонредна состојба

A1on

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани