Камерниот оркестер на Македонската Филхармонија настапи во Њујорк

Од:

Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија вчера го одржа првиот од двата концерта кои се предвидени во престижни локации во Њујорк. Оркестарот настапи во концертната сала Меркин во Центарот Кауфман во Њујорк, каде заедно со кларинетистот Исмаил Лумановски, кој веќе 12 години насстапува во САД и е добро познат на американската публика, изведоа дела од Гоце Коларовски, Хасан Тура и Бела Барток.

„Сакам да им се заблагодарам на колегите, на музичарите. Навистина изгореа на сцена вечерва, го дадоа својот максимум. Тоа го покажа и публиката. Јас сум многу, многу задоволен”, изјави диригентот Борјан Цанев.

„Имам настапувано многу пати во Меркин Хол со различни ансамбли како солист. Но, вечерва беше многу важно и многу специјална вечер за мене, поради тоа за првпат настапував со мој тим, со македонскиот камерен оркестар со маестро Борјан Цанев. Навистина сум многу горд на ова”, додаде Лумановски за Македонската Телевизија.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска изјави дека концертите на камерниот оркестар на Македонската Филхармонија ќе бидат значајно претставување на македонската култура во американската метропола.

„Навистина прекрасна изведба. Посебно ми е драго што во самата програма се изведуваше и македонско дело на Гоце Коларовски. Програмата беше навистина прекрасна и тоа можеше да се види и од самите посетители коишто со воодушевување го примија овој концерт. Така што големи честитки и се надевам дека и утре во Карнеги Хол ќе се повтори овој голем успех”, изјави Канческа Милевска.

Според Маја Чанаќевиќ, директор на Македонската Филхармонија, покрај овој прв концерт на Филхармонијата во Њујорк, ќе има и други можности за настапи во американските културни центри, како Вашингтон или Чикаго.

Денес, камерниот оркестар ќе има прв настап и во престижниот Карнеги Хол во Њујорк, каде ќе го изведе концертниот проект Сон. Верба. Љубов. на Дуке Бојаџиев, со Каролина Гочева, Александар Петров и Васко Дуковски како гости.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска