Серена Вилијамс е првата тенисерка која избори пласман во полуфиналето на завршниот ВТА турнир, чии домаќин е Истанбул.
Серена, ја забележа и втората победа во Црвената група, откако со 6:4, 6:4 ја совлада првата носителка, Викторија Азаренка.
Во Истанбул, помладата од сестрите Вилијамс ја забележа 11-та победа над Азаренка, во нивниот 12-ти меѓусебен дуел.
За второто место во оваа група ќе решаваат Ли На и Азаренка. Ли На во второто коло ја победи Анжелик Кербер со 6:4, 6:3.
Италијанката Сара Ерани ги задржа шансите за пласман во полуфиналето, откако во Белата група, во три сета, 6:3, 2:6, 6:0 ја победи Саманта Стосур, која на турнирот влезе по откажувањето на Петра Квитова.
Ерани за пласман во полуфиналето ќе се бори со Агњешка Радванска, мечот ќе се игра во петок.