Форум на жени на ЛДП: Се придружуваме кон иницијатива за 40% учество на жените во политиката

Од:

Форумот на жени при Либерално-Демократската Партија ја поздравува и се придружува кон иницијативата за 40% учество на жената во политиката.

Иницијативата ја гледаме како одраз на потребата на македонското општество за споделување и развој на севкупните демократски стандарди на толеранција, јакнење на довербата и изградба на трајни вредносни системи.

Сакаме да потенцираме дека не постои одржлива демократија без реална партиципација на жените во граѓанските и политичките процеси.

ЛДП, како партија која отсекогаш се залагала за еднаквите можности, е убедена дека само со целосно реализирање на потенцијалот на жените може да се изгради здраво општество и уште еднаш, апелира до работната група за измена на Изборниот законик да ја поддржи оваа иницијатива.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство