Јаневиќ: Уште еден кукавички обид на режимот да воведе цензура

Од:

„Неуставен, антидемократски, нецивилизиран, срамен, скандалозен, само вака може да се оцени потегот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали.

Преку овој обид со драконски казни и цензура да се спречи ширењето на „Вистината за Македонија“, јасно се препознава стравот и нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од губењето на власта. Истовремено, преку експресното повлекување на предлогот, владеачките партии признаваат дека материјалите од прислушуваните разговори се целосно вистинити и автентични, а не како што досега тврдеа сечени, лепени и монтирани“, велат од ЛДП.

„Потсетуваме дека овој предлог е во спротивност со членот 16 од Уставот на Република Македонија, а посебно ставот 7 од овој член, кој гласи „Цензурата е забранета”.

„Со ваквата пушти-повлечи политика, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ јасно покажаа дека се исплашени од судот на граѓаните за сторените тешки криминални дела и изборни фалсификати и типично за класичен диктаторски режим, после 9 години владеење се обидоа да воведат цензура, и тоа на кукавички начин“, потенцираше Јаневиќ.

„Со овој предлог, рече тој, кој не им помина, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ покажаа дека сакаат да ја избришат колективната меморија кај граѓаните, свесни дека истите тие ќе им пресудат на изборите во април следната година. Потсетуваме дека договорот од Пржино е постигнат врз основа на истите разговори кои тие сега сакаат да ги цензурираат.

Либерално-демократската партија им порачува и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ дека не постои таков закон и таков диктаторски акт кој ќе спречи јавно да се зборува за криминалното владеење, корупциските афери и изборните фалсификати на нивните фунционери.

Договорот од Пржино предвидува дека нема да има објавување на нови материјали бидејќи истите треба да се предадат на специјалниот обвинител, а не цензурирање на веќе објавените разговори“, вели Јаневиќ.

„ЛДП  јасно и недвосмислено ќе гласа против секој закон кој би бил на штета на граѓаните, и ќе се спротистави на секој обид за воведување цензура во македонското општество“, порача Јаневиќ.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство