Русија во својата база во Таџикистан испрати воени хеликоптери, изјави портпаролот на Централниот воен округ, полковник Јарослав Рошчупкин.
Авионите ќе бидат распоредени во реонот на аеродромот Аини на 30 километри од Душанбе. Во составот на воздухопловната единица се наоѓаат напаѓачки хелокоптери Ми-24П и транспортно-воени хеликоптери Ми-8МТВ.
Таџикистан граничи со Авганистан, каде неодамна талибанските бунтовници ги активираа своите дејствија.