„Темната страна‟ на Нобеловата награда

Од:

Танјуг – Белград

Кога се размислува за Нобеловата награда обично се мисли на револуционерни истражувања кои придонеле за развој на човештвото, но тоа престижно признание е доделувано и на некои ниту малку „хумани‟ откритија како што се хемиското оружје, ДДТ и лоботомијата и затоа често се сметаат за контроверзи.

Нобеловите награди често се сметаат за контроверзи: поради авторите кои се предвидени, научниците кои тврдат дека први дошле до откритието, но и признанија кои ја поделија јавноста.

Меѓутоа, некои награди кои се доделени во рамки на научни дисциплини, предизвикуваат вистинска непријатност.

Кога во 2013 година Нобеловата награда за мир отиде за Организацијата за забрана на хемиското оружје, многу луѓе сметаа дека тоа беше начин комитетот да се оправда за „военото признание‟ кое во 1918 година било доделено на хемичарот Фриц Хабер за синтеза на амоњакот, што било клучно откритие за развој на вештачките ѓубрива, но и експлозивот.

Познат како „татко на хемиската војна‟, Хабер го развил хлорот и други бојни отрови во текот на Првата светска војна.

„Откако Германија била поразена, не очекувал дека ќе добие награда. Всушност се плашел да не биде изведен пред воен суд‟, рекол за АФП шведскиот хемичар Ингер Ингмансон кој напишал книга за наградата на Хубер.

Иако помогнал на германската воена машинерија, Хабер поради своето еврејско потекло во 1933 година бил принуден да емигрира од Германија. Многу негови роднини настрадале во концентрациони логори, а дел од нив и од неговиот изум – циклонот Б.

Уште еден хемичар кој развил отровни гасови, а добил Нобелова награда е Французинот Виктор Грињар, со тоа што неговиот случај бил нешто поинаков, бидејќи признанието му било врачено во 1912 година, пред војната и користењето на неговиот изум како убиствено средство.

Некој би помислил дека тие две контроверзи биле доволна лекција за стокхолмското жири, но ништо од тоа: во 1945 година, само по три месеци откако биле фрлени атомските бомби на Хирошима и Нагасаки, Нобел за хемија го круниса откритието за нуклеарната фузија.

Лауреат бил уште еден Германец, Ото Хан, чие откритие од 1938 година било круцијално за развојот на атомоското оружје.

Но, треба да се истакне дека откритието на Хан само по себе не било контроверзно, туку неговата понатамошна примена.

Исто така, Хан никогаш не работел на воена примена на своето откритие, а кога во заробеништво во Англија дознал дека е фрлена атомска бомба, на своите колеги рекол:

„Мило ми е што ние (Германците) не успеавме да ја направиме бомбата‟.

Во 1949 година Нобелова награда за медицина била доделена на португалскиот невролог Егас Мониза за воведување на метод на лечење на одредени психози со примена на лоботомија.

На веб сајтот на Нобеловата фондација денес се наоѓа многу мал коментар за лоботомијата како за „контроверзен‟ зафат.

Една година пред Мониза, наградата за медицина ја освоил швајцарскиот научник Пол Милер кој открил дека ДДТ може да се користи за убивање на инсекти кои шират маларија.

ДДТ подоцна бил забранет во светот бидејќи било откриено дека претставува сериозна закана по животот на луѓето и животните.

Меѓутоа, пестицидите ќе бидат уште еднаш наградени и тоа во 1970 година, кога американскиот биолог Норман Борлауг добил Нобелова награда за мир за воведување на модерна земјоделска техника, вклучувајќи го и генетското вкрстување, во Мексико, Пакистан и Индија.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска