Главниот обвинител на трибуналот во Хаг Серж Брамерц во посета на Мостар

Од:

Главниот обвинител на Трибуналот на ОН за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамец, за време на денешната посета на Мостар, ја истакна важноста на кривичната одговорност за злосторства против културното наследство, пренесува Танјуг.

Брамец нагласи дека судот во Хаг кривично гонел цивилни и воени лидери на високи позиции, поради уништување на многубројни културни, образвони и религиозни институции за време на конфликтите во поранешна Југославија, вклучително и уривањето на стариот мост во градот Мостар.

Главниот обвинител истакна дека нападите врз културни споменици и институции се воени злосторства и често се дел од кампања за етничко чистење. Според Брамерц виновниците треба да бидат соодветно казнети за таквите дела, со цел да се заштити заедничкото наследство.

Серж Брамерц се наоѓа во посета на Босна и Херцеговина. Денеска заедно со шефовите на сараевската канцеларија на УНЕСКО во БиХ Синиша Шешум и градоначалникот на Мостар Љубо Бешлиќ, Бремерц ги посети објектите во градот, кои се дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ