ДУИ и ДПМНЕ бараат со закон да се забрани објавување на „бомбите“

Од:

Владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до Собранието доставија предлог закон со кој би се забранило понатамошно објавување на прислушуваните разговори.

Со овој закон би се забранило ре-објавување на веќе објавените „бомби“, а нови материјали директно да се достават до специјалното јавно обвинителство.

Талат Џафери од ДУИ денеска изјави дека меѓу партиите има консензус за овој предлог закон и дека истиот е дел од договорот во Прижино. СДСМ го негираат тоа.

За законот треба да се гласа по итна постапка и би стапил на сила следниот ден откако ќе биде изгласан. Текстот предвидува кривична одговорност за оние што ќе продолжат да ги објавуваат бомбите.

Џафери порача дека доколку се усвои законот, медиумите ќе мора да ги симнат од своите веб сајтови веќе објавените материјали.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска