„НСДП ја поддржува иницијативата на Македонското женско лоби за промена на изборната регулатива во насока на зголемување на квотите на жените од сегашните 33% на 40% и апелира до сите учесници во работната група за измена на Изборниот законик да ја поддржат оваа иницијатива.
НСДП смета дека со зголемувањето на процентот на жените на сите нивоа од политичкиот живот ќе се придонесе кон ослободување на целокупниот потенцијал кој лежи во македонското општество и искоренување на родовата нееднаквост во државните институции.
Со законското гарантирање на поголемо учество на жените во политиката Македонија ќе демонстрира поголемо почитување на демократските принципи и принципите на еднаквост како земја аспирантка за членство во Европската унија“, се вели во соопштението на НСДП.