Промоција на книга од српскиот актер и режисер Лазар Ристовски

Од:

Утре, 7 октомври, со почеток во 20 часот, во Клуб ресторанот МКЦ, издавачката куќа Табернакул ќе го промовира своето најново издание Едноставни приказни од Лазар Ристовски, познатиот актер, режисер, сценарист и продуцент.

Книгата содржи тринаесет топли, човечки, едноставни приказни, што авторот ги пишувал во последните десетина години. Приказните се сеќавања, спомени, за малите луѓе што рамноправно сочинуваат дел од големиот космос. Јунаците на приказните се свесни за себе, но не се посилни од судбината што им е предодредена.

12077295_10207910556097000_1944329163_n

Првенствено познат по филмското творештво, Ристовски во пишувањето го пронаоѓа она што филмот не му го овозможува. Осаменоста. Лазар Ристовски пишува одамна, но ретко објавува и вели: „Пишувањето е повлекување во ложа од којашто подобро се гледа светот. Писателот набљудува, но истовремено и го креира она што ќе го види. Тоа е возбудлива можност, нели?“

За книгата и авторот ќе говори Сашо Мацановски-Трендо, а извадоци од книгата ќе чита Петар Арсовски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска