Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро се квалификуваше за завршниот Мастерс сезонава кој ќе се одржи во Лондон од 5-ти до 12-ти ноември.
По повлекувањето на Рафаел Надал поради повреда, Дел Потро стана 6-от тенисер кој избори место во Лондон. Тој е по трет пат на завршниот Мастерс во сезоната, а својот најдобар резултат го оствари пред три години, кога се пласираше во финалето.
Оваа година, Аргентинецот освои три титули – во Марсеј, Ешторил и Виена, а оваа недела игра во Базел.
„За мене местото во Лондон е подарок за цел напор во текот на оваа година“, рече Дел Потро.
„Многу ми значи што ќе бидам во Лондон. Само осуммина играчи се борат за оваа титула, а тоа се најдобрите тенисери во годината. Мило ми е што сум повторно во тоа друштво, а можеби ќе успеам да се најдам и во финалето“, додаде Аргентинецот.
Пласманот на Дел Потро во Лондон, значи дека останаа уште две места, а шанси имаат Цонга, Типсаревиќ, Гаске и Алмагро.