НДМ: Граѓанска иницијатива за укинување на надоместокот за струја и парно

Од:

„Народно движење за Македонија согласно Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, денес, 05.10.2015, преку овластениот предлагач, претседателот на НДМ, Јанко Бачев кој е прво потпишан на иницијативата, до Претседателот на Собранието поднесе предлог за отпочнување на постапката за собирање на 10.000 потписи за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за донесување Закон за дополнување на Законот за енергетика.

Со дополнувањето на Законот за енергетика се бара именување на еден член на Регулаторната комисија за енергетика од редот на корисниците на електрична и топлинска енергија, поврат на ДДВ за домаќинствата кои инсталираат сончеви термални колектори од вкупната цена за купување и вградување на истите, престанок на давачката за ангажирана моќност што ја плаќаат корисниците со сметките за електрична енергија покрај потрошената активна електрична енергија, како и престанок на давачката насловена како надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместок за топлинска енергија што ја плаќаат секој месец на соодветниот снабдувач со топлинска енергија домаќинства кои немаат статус на корисници на топлинска енергија, бидејќи се исклучиле од енергетскиот систем“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска