Владејачката коалиција победи на изборите во Португалија

Од:

Владејачката десноцентристичка коалиција на демохристијанската Социјална демократска партија (ПСД) на португалскиот премиер Педро Пасуш Коељо и конзервативната Народна партија (ПП), победи на вчерашните парламентарни избори во Португалија, но го загуби мнозинството во Парламентот.

Според се уште неконечните резултати, коалицијата ПСД-ПП освоила 39,16 отсто од гласовите, а најголемата опозицска сила, Социјалистичката партија (ПС) добила 31,77 проценти.

Места во Парламентот обебзедија уште и португалска верзија на грчката Сириза, партијата Левиот блок (БЕ), која освои 9 отсто од гласовите и коалицијата на комунистите и зелените, за која гласаа 7,4 проценти од Португалците.

Ваквите резултати укажуваат дека коалицијата ПСД-ПП нема да има мнозинство во идниот состав на 230-члениот Парламент.

На претходните избори пред четири години, коалцијата ПСД-ПП освои 50,4 отсто од гласовите.

Ккао што јави ДПА, по објавувањето на првичните изборни резултати. премиерот Коељо синоќа изјави дека е подготвен да формира нова влада.

– Ќе го известам претседателот на Републиката дека сме расположени да формираме нова влада, иако немаме мнозинство во Парламентот, изјави Коељо.

Протугалските медиуми проценуваат дека на Коељо сега ќе му претстојат тешки преговори со другите парламентарни партии за формирање влада на широка коалиција или малцински владин кабинет.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија