Се реконструира патот од Битола до хотелот „Молика“ на Пелистер

Од:

Општина Битола во соработка со ЈП „Македонија пат“-подружница во Битола почна со реконструкција, проширување и асфалтирање на патот кој води до детското одморалиште „Пелистер“ и хотелот „Молика“ на планината Баба.

Интервенцијата врз патната инфраструктура и едно поголемо свлечиште се врши со финансиска поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта, од каде се обезбедени 6 милиони денари, информираат од општина Битола.

– Во првата фаза од овој инфраструктурен проект на Пелистер опфатени се 6 километри од патот кој ќе биде реконструиран, асфалтиран и целосно подготвен за претстојната зимска сезона. По завршувањето со ревитализација на најчувствителниот дел од патот кој води до детското одморалиште „Пелистер“ и хотелот „Молика“, ќе се изврши санација и на неколку други делови од патот Битола-излетнички и туристички места во Националниот парк „Пелистер“, посочуваат од локалната самоуправа.

Од ЈП „Македонија пат“-подружница Битола со регионална надлежност информираат дека наскоро ќе почне реконструкција и на патиштата од западната страна на планината Баба, односно во преспанските села Љубојно и Брајчино.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози